Text Size
   
Дома | Програма: МОС за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ | Синхронизација за соработка-МОС за кичевскиот регион
Мај 20
Недела
Банер
Име на проектот: МОС3 (Синхронизација за соработка – Меѓуопштинска соработка во кичевскиот микрорегион) PDF Печати Е-пошта

Име на проектот: МОС3 – Синхронизација за соработка – Меѓуопштинска соработка во кичевскиот микрорегион

Локација: Другово, Вранештица, Зајас, Осломеј и Кичево

Краток опис:

Целта на проектот е да придонесе кон подобрувањето на квалитетот во испораката на јавните услуги на локално ниво преку подобрување на меѓуопштинската соработка во контекст на тековната реформа во процесот на децентрализацијата и ЕУ интегративните процеси. Проектните активности се фокусирани во кичевскиот микрорегион, односно општините Другово, Вранештица, Зајас, Осломеј и Кичево, кадешто се обезбедува техничка поддршка за меѓуопштинската соработка и се зајакнуваат капацитетите на локалната администрација за да се спроведе партнерство на локално ниво за заедничка испорака на услуги за локалното население и добро владеење за локален развој. Овој проект е наменет да даде поддршка во изградбата на капацитетите на петте општини за соработка преку различни договори за меѓуопштинска соработка. Синхронизирањето на системите, капацитетите на вработените и заедничкиот пристап до локалната администрација ќе овозможи максимална ефикасност и ефективност.

Тематска област: Децентрализација

Статус на проектот: Во тек

Донатор: Влада на Кралството Норвешка

Период на спроведување на проектот: Во тек

Што е постигнато:

  • Дефинирана е заедничка платформа за соработка меѓу петте општини од кичевскиот микрорегион, преку еден опсежен процес на дискусија, меѓу проектниот тим и градоначалниците. Договорени се соодветните пристапи за соработка, разрешени се сите нејаснотии и изградно е соодветно ниво на разбирање и доверба меѓу клучните корисници на придобивките на проектот.;
  • Ангажиран е меѓународен експерт за меѓуопштинска соработка за да придонесе во фазата на подготовката на системот преку споделување на најдобри практики и преку обезбедување на стратешки предлози за УНДП и партнерите.;
  • Беше спроведено и студиско патување во Република Бугарија кадешто од страна на Здружението на југоисточните општини на Бугарија беше организиран форум за меѓуопштинската соработка и искористување на фондовите на ЕУ за претставници од министерствата и стручните лица од општините од двете земји;
  • Стратегија за регистрација на даночни обврзници – комплетиран е првиот чекор од едно сеопфатно регистрирање на даночните обврзници и определување на пазарната цена на нивните имоти;
  • Обука за администрирање со даноци – регистрирање на даночни обврзници и проценка на пазарната вредност на имотите, испорачана за 90 учесника од петте општини (два модула по две групи);
  • Изработена е стратегија за локална кампања за зголемување на свеста и едукација на даночните обврзници во смисла на нивните права и обврски во процесот на регистрирање и прибирање на даноците. Испечатени се промотивни материјали и водичи за спроведување на локална кампања и спроведена е кампањата со активно учество на општините;
  • Спроведено е прибирање на податоци од терен за недвижниот имот на даночните обврзници  од страна на 18 општински комисии на дневна основа (октомври – декември 2008 година); Ажурирани се регистрите на недвижен имот на сите пет општини со податоци од преку 10.000 даночни обврзници.
  • Изработен е Извештајот за проценката на информациско-комуникациската технологија (ИКТ) во кој се опфатени следните прашања: знаење од областа на ИТ, хардверска и софтверска опременост, апликативен софтвер, мрежна опременост, проток на податоци и информации, процесирање на податоци и транспарентност  на информации за сите пет општини. Овој извештај содржи препораки за интервенции во соодветните области и претставува основа за изработка на техничка спецификација за набавка на софтвер, хардвер и организирање на обуки.
  • Подготвена е заедничка стратегија за локален економски развој во соработка со петте општини која содржи список со приоритетни проекти од значење за развојот на целиот микро регион;
  • Завршена е анализата за испораката на услуги којашто обезбедува податоци за видот, квантитетот и квалитетот на бараните и испорачаните услуги од секоја општина, како и за комуникацијата меѓу општините и граѓаните, обемот на учеството на граѓаните во локалната власт, итн..Спроведен е преглед на организациската структура на петте општини, како и на нивните акти за систематизација и организација;
  • Врз основа на наодите од фокус групите (беа организирани 5 тематски фокус групи од областа на урбанизмот, локалниот економски развој, управувањето со даноци, комуналните активности и инспекцијата), подготвен е извештај за мапирање на состојбата во кој се содржани препораки за подобрување на извршување на функциите и испорака на услугите како и препораки за оптимални модели за меѓуопштинска соработка. Идентификуваните опции за политиките за меѓуопштинска соработка, во кои е опфатена и анализата на исплатливоста, беа предложени на општинската власт. Откако ќе се донесе одлука за избор на оптимални модели на меѓуопштинска соработка што ќе се воспостават меѓу партнерските општини, УНДП ќе подготви акциски план за понатамошна поддршка на воспоставувањето и ставањето во функција на одржливи модели на меѓуопштинска соработка што ќе обезбедат ефикасна испорака на услугите на локално ниво.
 
SocialTwist Tell-a-Friend
Дома | Програма: МОС за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ | Синхронизација за соработка-МОС за кичевскиот регион