Text Size
   
Дома | Програма: МОС за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ | МО партнерства за подобрување на квалитетот на ЈУ
Мај 20
Недела
Банер
Project Background PDF Печати Е-пошта

Како резултат на опсежната реформа за децентрализација, Општините добија зголемен број надлежности од централната власт кои генерираа голем обем на одговорности и задачи за Општините, но, од друга страна, се поставија основи за бројни услуги кои треба локално да им се испорачуваат на граѓаните.

Во услови на недоволни финансиски, административни и кадровски капацитети, особено помалите Општини, се соочуваат со потешкотии автономно да ги имплементираат доделените задачи и ефикасно да ги испорачуваат јавните услуги.

За да ги надминат постојните недостатоци, Општините можат да влезат и влегуваат во аранжмани/партнерства за меѓуопштинска соработка и со тоа да ги потпомогнат сопствените економии од обем и да обезбедат повисок квалитет и поефикасни услуги за граѓаните.

Меѓуопштинската соработка (МОС) може да се дефинира како аранжман меѓу две или повеќе локални власти за постигнување на заеднички цели, обезбедување на услуга или справување со заеднички проблем.

МОС е регулирана со ново усвоениот закон за Меѓуопштинската соработка.

 
SocialTwist Tell-a-Friend
Дома | Програма: МОС за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ | МО партнерства за подобрување на квалитетот на ЈУ