- Обука за користење на РЕЦ софтверската апликација во делот на заштита на животната средина На 16...
- Обука за користење на апликативниот софтвер во делот на социјалните услуги На 16 март 2011 година во...
- Работна средба На 20 јануари 2011 во хотел Арка, Скопје се одржа работна средба на тема “насоки за ут...
- Зајакнување на Меѓуопштинската Соработка во Црна Гора Со поддршка на канцеларијата на УНДП во Цр...
- Потпишување на проектни договори за соработка во областа на социјалната заштита и заштита на живо...
DBase menu
Новости
- Обука за користење на РЕЦ софтверската апликација во делот на заштита на животната средина
- Обука за користење на апликативниот софтвер во делот на социјалните услуги
- Работна средба
- Зајакнување на Меѓуопштинската Соработка во Црна Гора
- Потпишување на проектни договори за соработка во областа на социјалната заштита и заштита на животната средина
| Име на проектот: МОС1 (Меѓуопштински партнерства за подобра испорака на јавни услуги) |
|
|
|
|
Име на проектот: „Меѓуопштински партнерства за подобра испорака на јавни услуги“
Локација: Босилово, Василево и Ново Село Краток опис: Целта на проектот беше да се даде придонес кон подобрување на квалитетот на испораката на јавните услуги на локално ниво преку унапредување на меѓуопштинската соработка. Активностите на Проектот беа структурирани така што се обезбеди поддршка при воспоставувањето на заедничко одделение од областа на инспекциските работи во општина Босилово, одделение за локални даноци и такси во општина Василево и одделение за урбанизам во општина Ново Село. Овие одделенија испорачуваа услуги за граѓаните од трите општини а пристапот на граѓаните до тие услуги беше обезбеден преку сопствената општина. Дополнително се обезбеди и воспоставување на две заеднички надлежности – внатрешна ревизија и ИТ. Исто така, активностите на Проектот беа насочени и кон воспоставување на Центар за услуги на граѓаните во секоја општина којшто обезбедува услуги преку интернет и преку други механизми, но и кон креирање на модели и решенија базирани на web-платформа за пристап до информации и воспоставување на мрежа меѓу трите општини.
Тематска област: Децентрализација Статус на проектот: Завршен Донатор: Влада на Кралството Норвешка Период на спроведување на проектот: септември 2006 – септември 2009
Придобивки: Трите општини, Босилово, Василево и Ново Село директно ги почувствуваа придобивките од воспоставувањето на трите потполно функционални заеднички одделенија за испорака на децентрализирани јавни услуги од областа на инспекцијата, даночното управување и урбанизмот. Покрај тоа, проектот ги поддржа воспоставувањето на две дополнителни надлежности – внатрешна ревизија и ИТ. Овие заеднички одделенија нудат испорака на поефикасни и економични јавни услуги. Доколку овие три општини, секоја поединечно воспоставеше свои одделенија, трошоците за дополнителните 24 вработени (според законската регулатива), ќе беа 230.400 ЕУР (75.000 – 80.000 евра по општина годишно). И доколку општините одлучија да не стапат во меѓуопштинска соработка за испорака на заеднички услуги, ќе постоеа две можни сценарија: 1. општините ќе имаа вакуум во испораката на јавните услуги бидејќи нивните буџети не ќе можеа да поддржат вработување на толку многу персонал, и 2. доколку, пак, општините би успеале да ги обезбедат средства за вработување на потребниот персонал, тоа негативно би се одразило на извршувањето на другите општински функции. Исто така, трите потполно опремени и функционални центри за услуги на граѓаните, кои служат како предни канцеларии за повеќе од 40.000 граѓани од териториите на трите општини, се значајна придобивка за општините и нивните граѓани. Преку овие центри граѓаните ползуваат потранспарентно и отчетно владеење и побрза, поефикасна и со поголем квалитет испорака на јавните услуги, но и подобрена реакција во решавањето на нивните проблеми со користење на заштедите кои произлегуваат од постоењето на заедничката администрација.
Што е постигнато:
|










