|
Mеѓународна конференција за меѓуопштинска соработка |
|
|
|
|
Mеѓународна конференција за меѓуопштинска соработка
Регионалниот центар на УНДП во Братислава, Советот на Европа, ОБСЕ и иницијативата за локална власт и реформа на јавниот сервис (LGI/OSI) заеднички организираат меѓународна конференција за меѓуопштинска соработка. Во периодот 2008-2010, Советот на Европа, Регионалниот центар на УНДП во Братислава и Иницијативата за реформа на јавниот сервис на Институтот отворено општество (LGI) спроведоа серија регионални работилници и развија сет од алатки вклучувајќи: а) Прирачник, б) Насоки за практичари, в) Програма за обука и Библиотека за обучувачи за НОС и г) интернет страница за МОС. Настанот ќе помогне да се направи преглед на тековните трендови и искуства и ќе го дизајнира патот напред кон подобрување на околината и практикувањето на МОС во Европа. Целта на конференцијата ќе биде да: - размена на мислења и искуства, дискусија за конкретните иницијативи а МОС, на централно и локално ниво, идентификација на главните предизвици и можните решенија; - да се елаборираат и да се договори серија на препораки за идни активности за подобрување на околината и практикувањето на МОС; - промовира употребата на новиот пакет алатки за МОС, развиен заеднички од советот на Европа, УНДП и ЛГИ; - промовирање на принципите на доброто владеење (Европската стратегија за добро владеење и иновации) и новите пристапи кон одржлив локален развој. На конференцијата ќе присуствуваат министри, државни секретари, заменици министри за локална власт, избрани претставници на локалната власт и нивни соработници, други релевантни национални и меѓународни организации од: - земјите кои беа вклучени во подготовката на пакетот ресурси за МОС: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија, словачка, Македонија; -земји кои изразија подготвеност за да започнат иницијативи за МОС: Ерменија, Молдавија, Романија, Руската Федерација, Турција, Украина. Високи претставници и консултанти од Советот на Европа, УНДП, LGI – OSI и други клучни меѓународни партнери (ОБСЕ, Швајцарската агенција за развој, SIDA, VNG Int, NALAS) исто така ќе присуствуваат и ќе го поддржат настанот.
|