- Обука за користење на РЕЦ софтверската апликација во делот на заштита на животната средина На 16...
- Обука за користење на апликативниот софтвер во делот на социјалните услуги На 16 март 2011 година во...
- Работна средба На 20 јануари 2011 во хотел Арка, Скопје се одржа работна средба на тема “насоки за ут...
- Зајакнување на Меѓуопштинската Соработка во Црна Гора Со поддршка на канцеларијата на УНДП во Цр...
- Потпишување на проектни договори за соработка во областа на социјалната заштита и заштита на живо...
DBase menu
Новости
- Обука за користење на РЕЦ софтверската апликација во делот на заштита на животната средина
- Обука за користење на апликативниот софтвер во делот на социјалните услуги
- Работна средба
- Зајакнување на Меѓуопштинската Соработка во Црна Гора
- Потпишување на проектни договори за соработка во областа на социјалната заштита и заштита на животната средина
| Mеѓуопштинска соработка во областа на инспекцискиот надзор |
|
|
|
|
Mеѓуопштинска соработка во областа на инспекцискиот надзор УНДП како активен чинител во меѓуопштинската соработка (МОС) реализираше повеќе проекти во 36 општини ширум земјата, во областа на урбанизмот, локалните даноци и такси, инспекцијата и локалниот развој. Во партнерство со Министерството за локална самоуправа, УНДП ја реализира националната Програма за „Меѓуопштинска соработка за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ“, која работи на понатамошно создавање на услови за поширока примена на меѓуопштинската соработка, како инструмент за поквалитетна испорака на јавните услуги на локално ниво. Во насока на проширување на меѓуопштинската соработка и на полето на инспекцискиот надзор врз основа на тековните состојби и потреби на единиците на локалната самоуправа, програмскиот тим на програмата за МОС на УНДП организираше тематската работилница за меѓуопштинска соработка во областа на инспекцискиот надзор која се се одржа на 06 јули 2010 година во Хотел Романтик во Велес. Целта на Тематската работилница беше заеднички и преку дискусии да се идентификуваат приоритетните потреби во инспекцискиот надзор како и да се дојде до можните решенија за задоволување на тие потреби преку меѓуопштинска соработка. На работилницата беа поканети и присуствуваа градоначалници и државни службеници - инспектори од Вардарскиот плански регион, како и претставници од Државниот управен инспекторат и Министерството за локална самоуправа.
|










