- Обука за користење на РЕЦ софтверската апликација во делот на заштита на животната средина На 16...
- Обука за користење на апликативниот софтвер во делот на социјалните услуги На 16 март 2011 година во...
- Работна средба На 20 јануари 2011 во хотел Арка, Скопје се одржа работна средба на тема “насоки за ут...
- Зајакнување на Меѓуопштинската Соработка во Црна Гора Со поддршка на канцеларијата на УНДП во Цр...
- Потпишување на проектни договори за соработка во областа на социјалната заштита и заштита на живо...
DBase menu
Новости
- Обука за користење на РЕЦ софтверската апликација во делот на заштита на животната средина
- Обука за користење на апликативниот софтвер во делот на социјалните услуги
- Работна средба
- Зајакнување на Меѓуопштинската Соработка во Црна Гора
- Потпишување на проектни договори за соработка во областа на социјалната заштита и заштита на животната средина
| Работна средба (втор состанок) на Комисијата за поттикнување и следење на меѓуопштинската соработка |
|
|
|
|
Работна средба (втор состанок) на Комисијата за поттикнување и следење на меѓуопштинската соработка Комисијата за поттикнување и следење на меѓуопштинската соработка е формирана со одлука на Владата на Република Македонија согласно Законот за меѓуопштинска соработка на 2 февруари 2010 година. Комисијата ги следи воспоставените облици на меѓуопштинска соработка, го разгледува и дава мислење по годишниот извештај за остварувањето на меѓуопштинската соработка, иницира измени и дополнувања на законската регулатива која влијае на меѓуопштинската соработка, дава мислење по предлозите на актите од членот 32 ставови (2) и (4) на Законот за МОС, објавува најдобри примери на меѓуопштинската соработка и разгледува и други прашања од значење за меѓуопштинската соработка. Првиот состанок на Комисијата се одржа на 5 март 2010 година, а УНДП, преку Програмата за меѓуопштинска соработка, во континуитет ќе ја поддржува работата на Комисијата и ќе се грижи за градење на капацитетите на истата. Во таа насока, на 16 и 17 април 2010 во Струмица се одржа и работна средба на Комисијата која се состоеше од два дела. Првиот дел од работната средба беше фокусирана кон основите на меѓуопштинската соработка каде на членовите на Комисијата им беа претставени: Концептот за МОС; чекорите за спроведување на МОС; финансиските стимулации за МОС и искуствата од МОС во Република Македонија, како и постигнатите резултати на Програмата за МОС на УНДП. Вториот дел се состоеше од Студиска посета на меѓуопштинската соработка во општините Босилово, Василево и Ново Село каде членовите на Комисијата имаа можност да се запознаат со работата на трите заеднички одделенија за администрирање на локалните даноци и такси, урбанистичкото планирање и инспекциски работи. При посетите на трите општини на членовите на Комисијата им се обратија и градоначалниците.
|










