- Обука за користење на РЕЦ софтверската апликација во делот на заштита на животната средина На 16...
- Обука за користење на апликативниот софтвер во делот на социјалните услуги На 16 март 2011 година во...
- Работна средба На 20 јануари 2011 во хотел Арка, Скопје се одржа работна средба на тема “насоки за ут...
- Зајакнување на Меѓуопштинската Соработка во Црна Гора Со поддршка на канцеларијата на УНДП во Цр...
- Потпишување на проектни договори за соработка во областа на социјалната заштита и заштита на живо...
DBase menu
Новости
- Обука за користење на РЕЦ софтверската апликација во делот на заштита на животната средина
- Обука за користење на апликативниот софтвер во делот на социјалните услуги
- Работна средба
- Зајакнување на Меѓуопштинската Соработка во Црна Гора
- Потпишување на проектни договори за соработка во областа на социјалната заштита и заштита на животната средина
| Прв состанок на Комисијата за меѓуопштинска соработка |
|
|
|
|
Прв состанок на Комисијата за меѓуопштинска соработка Согласно Законот за меѓуопштинска соработка, Владата на Република Македонија формира Комисија за поттикнување и следење на меѓуопштинската соработка. Оттаму, на 2 февруари 2010 година, Владата донесе Одлука за формирање Комисија за поттикнување и следење на меѓуопштинската соработка составена од 18 членови. Комисијата за поттикнување и следење на меѓуопштинската соработка ги следи воспоставените облици на меѓуопштинска соработка, го разгледува и дава мислење по годишниот извештај за остварувањето на меѓуопштинската соработка, иницира измени и дополнувања на законската регулатива која влијае на меѓуопштинската соработка, дава мислење по предлозите на актите од членот 32 ставови (2) и (4) на Законот за МОС, објавува најдобри примери на меѓуопштинската соработка и разгледува и други прашања од значење за меѓуопштинската соработка. На првиот состанок одржан на 5 март 2010 година, Комисијата за меѓуопштинска соработка го усвои Извештајот за остварување на меѓуопштинска соработка во 2009 година со следните заклучоци: -Комисијата да утврди критерериуми за идентификување на примери на најдобра домашна пракса и пракса од земјите членки на ЕУ, Комисијата го разгледа и текстот на Уредбата за утврдување на областите од пошироко значење, во кои Владата би ја поттикнувала меѓуопштинската соработка со доделување на финансиски средства. Областите ќе бидат определени врз основа на методологија која што ќе ги има предвид приоритетите на Владата, потребите на општините, како и приоритетите кои што произлеглегуваат од политиките за интегрирање во ЕУ. Државниот секретар на Министерството за локална самоуправа, Андријана Стојановска, претседател на Комисијата, истакна дека по донесувањето на Законот и на подзаконските акти кои што се во фаза на усвојување, се очекува во оваа 2010 година да се зголеми бројот на иницијативи за воспоставување на меѓуопштинска соработка. УНДП, преку Програмата за меѓуопштинска соработка, во континуитет ќе ја поддржува работата на Комисијата и ќе се грижи за градење на капацитетите на истата.
|










