Text Size
   
Home | News and Events | Latest | Обука за постапка и обрасци за воспоставување на меѓуопштинска соработка
Feb 08
Wednesday
Banner
Обука за постапка и обрасци за воспоставување на меѓуопштинска соработка PDF Print E-mail
There are no translations available.

Обука за постапка и обрасци за воспоставување на меѓуопштинска соработка

Програмата за меѓуопштинска соработка на УНДП продолжува со континуирана поддршка на имплементацијата на воспоставените меѓуопштински соработки преку давање упатства и овозможување стручна помош.

Во таа насока, Програмата на УНДП организира еднодневна обука за постапката и обрасците за воспоставување на меѓуопштинска соработка. Обуката за постапката за воспоставување се темели на законската обврска, а обрасците кои се неопходни во истата се развиени од стручна група во тесна соработка со Министерството за локална самоуправа.

Обуката ќе се одржи на 10 март 2010 година, со почеток во 10:00 часот во хотел „Арка„ во Скопје.

Содржински, обуката е конципирана во три модули кои ја опфаќаат Програмата на УНДП за МОС и Законот за МОС, како и модули во кои се обработуваат обрасците од општата и посебната постапка за воспоставување на МОС.

За успешно имплементација на постапката за воспоставување на меѓуопштинска соработка согласно Законот за меѓуопштинска соработка,  од суштинско значење е на обуката да учествуваат:

-лицата за контакт на проектот за МОС

-по еден државен службеник одговорен за правните работи од секоја општина, и

-по еден член на советот на општинита (претседателот на совет или член на совет).

За сите подетални информации во врска со обуката обратете се во канцеларијата на Програмата за МОС на УНДП, преку е-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или по телефон на следниов број: 02 3226-018, лок. 112 и факс 02 3226-019.

 

 

 
SocialTwist Tell-a-Friend
Home | News and Events | Latest | Обука за постапка и обрасци за воспоставување на меѓуопштинска соработка