Text Size
   
Home | News and Events | Latest | обука за постапката и обрасците за воспоставување на меѓуопштинска соработка
Feb 08
Wednesday
Banner
обука за постапката и обрасците за воспоставување на меѓуопштинска соработка PDF Print E-mail
There are no translations available.

Oбука за постапката и обрасците за воспоставување на меѓуопштинска соработка

 

Со цел за обезбедување на потребните предуслови за успешна имплементација на проектите од грантовите за меѓуопштинска соработка 2009, а согласно потпишаните Договори за проектна соработка со 24 општини, Програмата за меѓуопштинска соработка на УНДП континуирано обезбедува упатства за начинот на спроведување и надзор на проектите.

Од таму, Програмата за меѓуопштинска соработка на УНДП организираше еднодневна обука за постапката и обрасците за воспоставување на меѓуопштинска соработка. Обуката се темели на законската обврска на општините при воспоставување на меѓуопштинска соработка, а обрасците кои се неопходни во истата беа развиени од стручна група во тесна соработка со Министерството за локална самоуправа.

Обуката се одржа на 09 февруари 2010 година, во хотел „Сириус„ во Струмица.

Содржински, обуката беше конципирана во три модули кои што опфаќаат запознавање на учесниците со Програмата на УНДП за МОС и со поддржаните проекти, процесот на имплементација на проектот како и процесот на мониторинг на спроведувањето на проектните активности.

На обуката учествуваа:

- општинските координатори на проектите од општината главен апликант;
- лицата за контакт на проектот од партнерските општини и
- по еден државен службеник одговорен за правните работи од секоја општина, и
- по еден член на советот на општинита (претседателот на совет или член на совет
  
  
 
SocialTwist Tell-a-Friend
Home | News and Events | Latest | обука за постапката и обрасците за воспоставување на меѓуопштинска соработка