Text Size
   
Home | Lajme dhe Ngjarje | Latest | Заштита на животната средина преку меѓуопштинска соработка
Фев 08
Среда
Банер
Заштита на животната средина преку меѓуопштинска соработка PDF Печати Е-пошта
There are no translations available.

Заштита на животната шредина преку меѓуопштинска соработка

Во партнерство со Министерството за локална самоуправа, УНДП ја реализира националната Програма за „Меѓуопштинска соработка за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ“, која работи на понатамошно создавање на услови за поширока примена на меѓуопштинската соработка, како инструмент за поквалитетна испорака на јавните услуги на локално ниво.

Програмата на УНДП, се стреми меѓуопштинската соработка да стане корисен инструмент и во областа на животната средина, почитувајќи ги тековните состојби и потреби на единиците на локалната самоуправа. Со цел да се овозможи квалитетно развивање на проекти за МОС, УНДП организираше работна средба за меѓуопштинска соработка во областа на животната средина која се одржи на 02 јуни 2010 година во Хотел Континентал, во Скопје.

Целта на Тематската работилница беше заеднички и преку дискусии да ги идентификуваме приоритетните потреби во животната средина како и да дојдеме до можните решенија за задоволување на тие потреби преку меѓуопштинска соработка. На работилницата беа поканети и присуствуваа градоначалници и државни службеници од осумте плански регион, како и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за локална самоуправа.

 
SocialTwist Tell-a-Friend
Home | Lajme dhe Ngjarje | Latest | Заштита на животната средина преку меѓуопштинска соработка